Производ

Rhinostop сируп за деца 100ml

180,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Парацетамол ублажува болки и намалува покачена телесна температура.

Псеудоефедрин е назален деконгестив. Делува на малите крвни садови во слузницата и носот предизвикувајќи нивно стеснување што доведува до спречување на прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.

Хлорфенамин со своето антихистаминско делување ја намалува затнатоста, течењето од  носот како и солзењето и пецкањето на очите.

Во случај да со примена на едноставни мерки на лечење не се постигне соодветно олеснување на симптомите кај деца постари од 6 години се применува Rhinostop® сируп за ублажување на симптомите на настинка, грип или алергиски ринит како што се:

    -зголемена секреција од нос ,
    -кивање,
    -затнатост на носот и синусите,
   - црвенило на нос и очи ,
    -чувство на пецкање и солзење на очите,
    -главоболка,
    -болка во пределот на синусите,
    -болно грло,
   - болка во мускулите и зглобовите,
   - покачена телесна температура,
    -општа слабост и сл.

Возрасни особи исто така можат да го применуваат Rhinostop®  сируп во рамки на наведените индикации..

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Состав :

Лек Rhinostop® сируп содржи три активни состојки – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин чии што делувања меѓусебно се помагаат.