За нас

MIN Healthy Store постои од 2022 година со мисија да популаризира здрав начин на живот.

Тоа подразбира правилна исхрана, но и здрав однос кон телото и духот, како и кон природата.

MIN Healthy Store се занимава со увоз, големопродажба и малопродажба на здрава храна,додатоци во исхрана,природна и органска козметика,суплементи.

Настојувајќи секогаш да ги подигаме стандардите, безусловно ги следиме идејата и визијата, а тоа е да го подигнеме нивото на Македонскиот пазар во сегментот на козметиката, на ниво на развиените Европски и светски држави. Ова ги опфаќа сите сегменти на животот, од исхраната, слободните активности, вежбањето, па сè до козметиката која секојдневно ја користиме. Преку својот богат избор на природна и органска козметика, се стремиме да ви овозможиме делотворни производи, кои се истовремено и ефикасни и безбедни за вашето здравје и гарантираат за квалитетот кој се нуди.

Оваа страница е наменета за сите што го сакаат здравиот начин на живот.

Доколку избирате природни и квалитетни производи, тогаш ние сме вистинскиот избор за ваша здрава навика.