Мед со лиофилизиран портокал. Права бомба на витамин Ц во една тегла. Овој мед нуди сладок и освежителен живописен вкус, совршен за сите оние кои сакаат дополнителна освежителна нота во својот мед. Неодолива светло златна боја со портокалови нијанси, која има густа и кремаста конзистенција со цитрусни ноти. Одлично оружје против настинки и вируси. Идеален во комбинација со топло ичи ладно какао, чај, во смути или како намаз на топло лебче.
Секојдневната употреба ќе ги зајакне вашиот организам, и ќе го направи отпорен на сите надворешни влијанија. Медот со портокал е вкусен и освежувачки начин да уживате во слатко и цитрусно искуство, комбинирајќи го најдоброто од медот и портокалот.