Производ

Eternity H серум за лице

810,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Eternity H серум за околу очи, лице, врат и деколте

Активен хидрирачки серум со природен хијалурон, ресвератрол и пантенол.

Синергија од хидратација, антиоксидативен ефект и ароматерапија. Овозможува интензивна длабока, долготрајна хидратација, регенерација на клетките, се бори против слободните радикали и го зголемува имунитетот на кожата. 

Идеален е за сите типови на кожа. Нежен, смирувачки серум кој на кожата и дава здрав, сјаен изглед.

Текстура: Лесна млечна емулзија

Мирис: освежителен и релаксирачки

Состав :

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинска и длабинска хидратација

Ресвератрол – моќен антиоксиданс кој го зголемува имунитетот на кожата, го изедначува тенот и ја штити кожата од стресорите од околината, особено УВ зраците.

Сквалан – природен емолиент кој ја обновува липидната бариера и ја спречува дехидратацијата на кожата

Пантенол – ја поттикнува регенерацијата на кожата, ја смирува и обновува чувствителната кожа

 

 

Начин на употреба и совет плус:

Наутро и навечер нанесете го серумот на измиено и исчистено лице. Нанесувајте го со кружни движења или тапкање од средината кон краевите на лицето. Со нежно утапкување или блага масажа нанесете го оклолу очите. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето лице.Со серумите може да употребувате жаде ролер, Guashaод природен камен или дерма ролер.

Идеално е по серумот да нанесете Leda или Leda Lux крема за лице.

Состав:Хијалуронскакиселина*/**, ресвератрол*/**,  сквалан*, пантенол, токоферол*, растителенглицерин*, бензилалкохол, дехидрооцетнакиселина, дестилиранавода*, ксантан*, етеричномаслоодматочина*/**, етеричномаслоодбосилек*/**.

 

*Состојки од природно потекло 99,4%

 

Пакување: 30 мл

Бренд : Ignea