Производ

Eternity C+ серум за лице

810,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Природен серум за лице за масна кожа склона кон акни.

Содржи природен витамин Ц и природна салицилна киселина, збогатени со сквалан и пантенол.

Иновативна формулација за нега на кожа со акни, комбинација 4 во 1- РЕГУЛИРА ЛАЧЕЊЕ НА СЕБУМ, има АНТИМИКРОБНО дејство против-Cutibacterium acnes, делува во отстранување на МИТИСЕРИ и ФЛЕКИ од акни, ги намалува ПОРИТЕ.

Се нанесува пред апликација на Leda teen дневна и ноќна крема.

Со редовна употреба ја хидрира кожата, не го нарушува нејзиниот хидролипиден баланс, кожата изгледа здраво, сјајно со изедначен тен.

Текстура: Лесна млечна, гел текстура

Мирис: чајно дрво, ајдучка трева, лаванда

 

Состав :

Клучни активни компоненти

Природна салицилна киселина   – кератолитички ефект, отстранува и превенира флеки од акни, чисти и намалува пори, намалува инфламација

Витамин Ц – антиоксиданс, изедначување на тен, намалување на пори.

Арома терапија – го регулира лачењето на себумот, го враќа хидро-липидниот баланс на кожата, го подига имунитетот, ги намалува порите, ги отстранува црнките, ја спречува појавата на хиперпигментации.

Сквалан – природен емолиент кој ја обновува липидната бариера и ја спречува дехидратацијата на кожата

Пантенол – ја поттикнува регенерацијата на кожата, ја смирува и обновува чувствителната кожа

Начин на употреба и совет плус:

Наутро и навечер нанесете го серумот на измиено и исчистено лице. Нанесувајте го со кружни движења од средината кон краевите на лицето.

Идеално е над серумот да нанесете Leda Теен дневна или ноќна крема за лице.

Состав:екстрактодкораодцрна, салицинврба*/**пантенол, токоферол*, растителенглицерин*/**, натриумаскорбилфосфат*, лактичнакиселина*, бензилалкохол, дехидрооцетнакиселина, дестилиранавода*, ксантан*, етеричномаслоодлаванда*/** етерично масло од ајдучка трева */**, етеричномаслоодчајнодрво*/**.

 

*Состојки од природно потекло 99,4%

 

Пакување: 20 мл

Бренд : Ignea