Производ

Dr.Viton Oxygen Bubble Mask 120ml

490,00 ден 367,50 ден


Оцена :

Опис на производот :

Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask е најзабавната маска за лице која длабински ја чисти твојата кожа. Откако ќе нанесете подебел слој на лицето за 15 минути почнува да прави меурчиња, а вие ќе почувствувате нежно, но пријатно скокоткање што е знак дека маската делува.

Кислородните меурчиња заедно со јагленот од бамбус започнуваат темелно да ја чистат кожата навлегувајќи длабоко во порите на кожата чистејќи ги темелно.

Бентонит глината навлегува длабоко во порите и ги извлекува токсини и нечистотиите длабоко од порите на кожата, а екстрактот од калинка со неговата антиоксидативна моќ ја регенерира кожата комплетно.

Екстрактите од портокал и лимон и ја враќаат свежината на кожата, ја прават блескава и сјајна. Ја штитат кожата од слободните радикали кои предвремено ја стареат, а притоа и го активираат колагенот.

Есенцијалното масло од Бергамот ја подобрува еластичноста на кожата и ги минимизира порите на лицето. Притоа одлично делува против појава на здодевните мали акни.

Есенцијално масло од Еукалиптус кое исто така е дел од составот на Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask ќе ја ревитализира кожата, а притоа ќе ја подобри циркулацијата на кожата на лицето.

Третманот завршува со моќното делување на Алое Вера која со нејзините антибактериски својства помага во контрола и намалување на бактериите што предизвикуваат акни на твоето лице. Го намалува природното црвенило на кожата и ја хидрира длабински сувата кожа.