Производ

Чај од ангелика

130,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Ангеликата (Angelica archangelica-Umbelliferae) е високо растение кое расте и до 2 метри, со развиено подземно стебло, со разгранети корења. Корењата се исполнети со жолтеникаво-бел сок со пријатна миризба. Надземното стебло е право, дебело и исполнето со срж. Горниот дел е разгранет, листовите се големи со отворено зелена боја. Цветовите се со зелено-жолта боја, собрани во вид на чадор. Плодот е со жолтеникава боја, јајцест и плоснат. Има пријатен мирис, сличен на ванила и слатко-лут вкус.

Ретко се сретнува како диво растение на влажни ливади, крај реки и шуми. Таа се одгледува во домашните бавчи и кај нас. Од ангеликата се собира листот, подземниот израсток со коренот и плодот. Листовите се собрираат напролет кога цути, од јули до крајот на август, а коренот на есен. СОДРЖИ: смола, восок, горчливи материи, органски киселини, гликозид, кумарин, шеќер, етерско масло, ангелицин и др. ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Ангеликата е позната уште многу одамна и се употребува за лекување на бубрези, срце, дишни органи, стомачни заболувања, чир на желудник и дванаестопалечно црево, против гасови во стомакот, за подобрување на апетитот, против заразни болести како што се чума и колера и др. Се приготвува на следниот начин: една кафена лажица сув корен или лист се попарува со 200 мл зовриена вода. Садот се поклопува и се остава да стои 20-30 минути, а потоа се цеди. Се употребува 1-3 чаши на ден.

Интересната билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и лек.
Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред се како средство против чума. Според легендата, благородноста во лечењето на чума која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил Архангел Михаил, по кого и го добила името. Познато било дека го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.
Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болест на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.
Анѓелика е делотворен експерторанс, бидејќи го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згуснувањето на крвта, затоа се препорачува при лекувањето на тромбоза.
Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите.
Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење. Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои користат лекови против згрутчување на крвта.
При користење на билката треба да се избегнува подолг престој на сонце поради фумарокумарина, што ја содржи билката. Ангелика се користи и како лек, и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис.

Состав :

Состав 100% Ангелика 50гр

Бренд : MIN Herbs