Производ

Чај од ајдучка трева

80,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките. Поволно влијае на органите за варење,делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца,го запира крвавењето од белите дробови,има благо седативно дејство,делува како антисептик и аналгетик.Чајот од ајдучка трева може да се каже дека помага и при ангина пекторис (во вид на чај само), анксиозност, гастритис, гихт, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, осип, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, чиреви, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам и друго.

Состав :

100% ајдучка трева 

Пакување 50гр