Производ

Body Scrubпенлив ПИЛИНГ ЗА ТЕЛО

380,00 ден


Оцена :

Опис на производот :

Природен пенлив пилинг за тело со активен јаглен, шеа путер, путер од какао, масло од рицинус и пантенол.

Ексфолијант со мелени семки од маслинка, шеќер и морска сол. Нежен пилинг наменет за секојдневна употреба. Го отстранува мртвиот површински слој на кожата, длабински врши детокс и ја исхранува кожата. Природна, здрава замена за конвенционалните купки и сапуни. Со редовна употреба кожата е мазна, сјајна и негувана. Одлично се комбинира со Body Butter путер за тело.Идеален е за нега на кокошкина кожа (кератоза) и/или strawberry skin и  изразито сува кожа.

Текстура: Густа мус структура.

Мирис: манго, ванила/мед млеко, ванила.

Состав :

Клучни активни компоненти

Шеа путер– Содржи голема количина на витамини А, Е, Д, каротеноиди и антиоксиданси. Идеален за нега на екстремно сува кожа и кожа со темни дамки.

Какао путер–има антивоспалително делување и е идеален за кожа склона кон дерматити; длабински ја исхранува кожата.

Пантенол – ја поттикнува регенерацијата на кожата, ја смирува и обновува чувствителната кожа

 

Состав:бадемово масло*/**, шеа путер*/**  маслиново масло*/**, рицинусово масло*/**,растителен глицерин*, вода,  витамин Е*, пантенол, коко гликозид*, сол*, шеќер*, бензилалкохол, дехидрооцетнакиселина.

 

*Состојки од природно потекло 99,4%

** Состојки од органски узгој 66.1%

Пакување: 200 мл

Бренд : Ignea