Комбинација на природни активни супстанци кои ги ублажуваат тегобите настанати како последица на пореметување на венската циркулација во нозете: оток и болка, грчеви, парастезии, пукање на капилари и чувство на т.н тешки нозе.
Препаратот се применува и за ублажување на тегоби предизвикани од хемороиди: болка, чешање и крварење. Троксерутинот е диететски суплемент кој се покажа како помош кај хроничната венска инсуфициенција, варикозни вени и хемороиди. Може да оствари венопротективно, вазопротективно и антиоксидантно дејтво, а со тоа да ја намали болката, тешките нозе, грчевите, отоците и немирот на нозете. Троксерутинот исто така се применува кај мускулните болки и едеми кои се настанати како последица на хематом и лош венски проток.
Се препорачуваат кај :
-Хронични венски слабости
-Варикозни вени
-Проблеми предизвикани од хемороиди.
Една (1) капсула содржи: 300 мг троксерутин, Centtela Asiatica и гинко билоба.