Сочен колач со круши и ореви

Сочен колач со круши и ореви

Состојки:
2 круши исечени на парчиња
50 гр пасирана круша
180 мл бадемово млеко
60 гр шеќер
60 мл кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
цимет по вкус
130 гр бело меко брашно
50 гр спелено брашно
50 гр мелени ореви и бадеми
2 лажички прашок за пециво
прстофат хималајска сол

Начин на подготовка:
Во сад измешајте пасирана круша,

бадемово млеко, шеќер, кокосово масло,

ванила и цимет.
Во друг сад измешајте го белото и спелуваното

брашно, мелените ореви и бадемите, прашокот

за пециво и солта.

Соединете ги овие две смеси и истурете ги во

сад за печење обложен со хартија за печење.

Премачкајте ги исечените круши.

Печете го колачот во загреана рерна на

180С околу 35 минути (или додека не се испече).

Пријатно!