Што е мицеларна вода?

Што е мицеларна вода?

 Сигурно безброј пати сте користеле 
мицеларна вода за да го исчистите
лицето и да ја отстраните шминката,
бидејќи е нежна за кожата, лесна за
употреба и пред се исклучително ефикасна.
А дали некогаш сте се запрашале што е
мицеларна вода, како функционира,
кои се нејзините придобивки и која е
најдобрата на пазарот?
 Мицеларната вода е раствор на 
вода и растворувачи од групата на
гликоли, а уникатната формула со
мицели ја прави целосно уникатен
производ на пазарот. Мицелата е
сложен, нејонски сурфактант
(средство за перење), сферична форма,
со два пола, од кои едниот е
хидрофилен и се раствора во вода,
а другиот е липофилен и ги привлекува
сите масни материи. Дејството на мицеларната вода се
заснова на овој принцип:
привлекува нечистотии од секаков вид,
ги врзува и ги отстранува од кожата.
Затоа е најефективното средство за
чистење на лицето, вадење шминка и
отстранување на сите нечистотии кои
се врзуваат за кожата во текот на
денот од надворешната средина.
22. VZK МИЦЕРАЛНА ВОДА СЕНЗИТИВ.webp
Мицеларната вода за чувствителна кожа
е формулирана како производ 3 во 1 -
ефикасно средство за чистење на кожата,
отстранувач на шминка и смирувачки тонер.
Благата формула базирана на екстракт од
црвени алги ја смирува кожата,
го намалува чувството
на затегнатост и непријатност,
правејќи ја кожата мазна и мека,
не оставајќи мрсни остатоци.