Минестроне супа

Минестроне супа

Состојки:
По една шолја сечкана келераба, целер, тиквички, млад кромид, 1,5 шолја варен грашок или леќа,

2 чаши сечкани моркови, 1 лажичка сол, 6 чаши вода, 50 гр интегрални тестенини, 2 чешниња лук,

2 лажички босилек, 2 лажици маслиново масло масло, половина чаша ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка:
На маслиново масло пропржете лук, босилек и кромид и додадете половина лажичка сол.

Додадете ги сите други зеленчуци, грашок или леќа и вода. Кога ќе зоврие додадете ги

тестенините, намалете ја топлината и варете поклопено 10-12 минути. Додадете ја

преостанатата сол и варете уште 2-3 минути. На крајот додадете магдонос и измешајте. Пријатно!