Крем супа од целер

Крем супа од целер

Состојки:
1 корен од целер со средна големина,

2 моркови, ливчиња целер, 2 компири,

2 чешниња лук, 1 виолетова главица

кромид, свеж магдонос, 2 чаши вода,

лажичка мишо паста, маслиново масло,

сол и бибер, ловоров лист, а малку

кисела павлака

Начин на подготовка:
Измијте го и излупете го зеленчукот,

исечете го на големи парчиња. Кога чистите

целер, отстранете го мекото шупливо јадро.

Лукот и виолетовиот кромид ситно исечкајте ги.

Загрејте го маслото и во него додадете еден

или два исечкани кромид и ливчиња целер.

Оставете го да врие околу 3 до 4 минути.

Додадете го остатокот од зеленчукот и

варете околу 5 минути.
Истурете вода, колку да го покрие зеленчукот.

Зачинете со сол и бибер, а по желба и ловоров лист.

Кога ќе зоврие, намалете ја топлината за зеленчукот

да продолжи да се готви околу 20 минути.

Земете рачен блендер и изблендирајте го

зеленчукот (предходно отстранете го

ловоровиот лист од супата). Ако супата ви

изгледа премногу густа, додадете уште малку вода.

Можете исто така да блендирате зеленчук во преса

за зеленчук.
Можете да додадете свеж коријандер или

мајчина душица во супата, доколку имате.