Чорба од зеленчук и црвен ориз

Чорба од зеленчук и црвен ориз

Состојки:
15 ml масло
1 морков
10 печурки
100 гр зелен грашок
25 гр сецкан млад кромид
1 лажичка соја сос
3/4 лажичка морска сол
1/4 лажичка мелен црн пипер
10 гр шеќер
200 гр црвен ориз
1,6 l вода

Начин на подготовка:
Морковите и печурките ситно исечкајте ги.

Загрејте го маслото во голема тава на средна

температура, а потоа додадете ги морковите,

печурките, зелениот грашок и сечканиот кромид.

Се динста околу 8 минути, а потоа се додава

соја сосот и се вари уште 1 минута. Тргнете го

од оган и оставете го на страна.

Гответе го црвениот ориз во солена вода во

големо тенџере. Оставете да зоврие, а потоа

намалете ја топлината и динстајте, покриено,

30 минути или додека оризот не стане многу мек,

речиси кашест. Зачинете со мелен црн пипер

и шеќер. Додадете го пржениот зеленчук и

варете уште 5 минути.

Послужете топло, зачинете со уште малку

мелен црн пипер и препечен сусам. Оваа супа

ќе се чува до два дена во фрижидер. Можете да

додадете повеќе вода ако повторно се загрее

за да се врати во конзистентност на супа.
Пријатно!