Чорба од хељда

Чорба од хељда

Состојки:
½ чаша хељда
4 до 5 чаши изворска или филтрирана вода
1 мал кромид, ситно сецкан
морска сол
2 чаши ситно сечкана зелка
1 сечкан морков
2 лажици ситно сечкан свеж магдонос

Начин на подготовка:
Нежно печете ја хељдата 2 до 3 минути во сува, средно загреана тава, додека не добие мирисна и светло кафена боја.

Во тавче ставете малку вода да зоврие. Додадете го кромидот и неколку зрна сол и оставете да се динста 3 до 4 минути. Потоа додадете ја преостанатата вода и зеленчукот, освен магдоносот и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, додадете ја хељдата, покријте и варете на тивок оган околу петнаесетина минути, додека не стане кремаста. Зачинете ја супата со сол и оставете ја многу нежно да се крчка уште десет минути. Пред сервирање, украсете со малку ситно сечкан свеж магдонос.