Тиквички полнети со амарант и чери домати

Тиквички полнети со амарант и чери домати

Состојки:
50 гр амарант
2 лажици масло
1 лажичка лук во прав
1 кромид сецкан
3 средни тиквички
250 гр чери домати
ким, сол, мајчина душица,

бибер, оригано по вкус

Начин на подготовка:
Гответе го амарантот во

тенџере со ладна вода на

средна топлина. Оставете ја

водата да го покрие амарантот

околу 5 см. Додадете сол и

зачини, а потоа измешајте ја

смесата. Кога ќе зоврие,

намалете ја топлината и

варете околу 15-20 минути,

додека амарантот не ја впие

целата вода.
Во тавче продинстајте сечкан

кромид и додајте чери домати.

Кога кромидот ќе порумени,

измешајте го со амарантот.
Измиените тиквички исечкајте

ги на парчиња од 10 сантиметри,

издлабете ги и ставете ги на плех

за печење. Зачинете со малку

масло, бибер, лук во прав и ким

и печете на 175°C околу 10 минути.
Извадете го од рерната,

наполнете со сварениот амарант

и вратете да се пече во рерна

уште 10 минути.
Пријатно!