Едноставно за подготовка, лесно и
суперхранливо јадење за целото семејство.
Состојки:
1 тиквичка, 1 модар патлиџан,
1 чаша црна киноа треба да се свари и
излади, 1,5 шолја сечкан босилек,
1/2 шолја фета сирење (може да користите
и тофу, чадено или свилено тофу), 1/2 шолја
борови ореви или друго коскесто овошје .
Состојки за преливот:
1/4 чаша екстра девствено маслиново масло,
2 лажици сок од лимон, 1 лажица балсамико
оцет, 1 лажичка сечкан лук, 1/2 лажичка сенф,
1/2 лажичка шеќер или мед.
Начин на подготовка:
Зеленчук на скара - тиквички и модар патлиџан.
Оставете да се излади, па исечкајте. Измешајте
киноа и зеленчук на скара, додадете босилек,
фета сирење, ставете прелив и убаво измешајте.
На крајот посипете борови ореви, уште малку
фета сирење и босилек.

