Печено јадење со киноа и зеленчук

Печено јадење со киноа и зеленчук

Состојки:
450 гр разновиден зеленчук сечкан

на коцки (морков, боранија, компир,

грашок...)
80 гр киноа
1 главица кромид
3-4 лажици масло
2 домати
морска сол, бибер и лут пипер

по вкус и магдонос

Начин на подготовка:
Исплакнете ја киноата,

ставете ја во тенџере

и покријте ја со вода.

Гответе десет минути

и оставете го покриено.

Кромидот исечкајте го и кратко

пропржете го на врело масло,

додадете го зеленчукот

и динстајте околу 15 минути.

Додадете вода само ако е потребно.

Исечете ги доматите на прстени.

Првиот и последниот ролат исечкајте ги

на коцки,а со остатокот покријте го садот.
Во зеленчукот додадете исцедена киноа и

сечканите домати, па измешајте сè.

Оваа смеса истурете ја во сад за печење,

а врз зеленчукот и киноата наредете ги

претходно зачуваните прстени од средно домати.

Печете во рерна околу 30 минути, додека не

поруменат доматите.

Пријатно!