Либанска салата од булгур

Либанска салата од булгур

Состојки:
150 гр булгур
400 мл вода
180 гр домати
180 гр краставица

1 магдонос, ситно сецкан
1 китка нане,сечкана
2 млади кромидчиња, 
80 мл маслиново масло
сок од 2 лимони
сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:
Додадете го булгурот во

поголем сад и покријте го со

врела вода. Оставете го да

отстои 25-30 минути за да

омекне и впие што повеќе течност.
Извадете ги семките од краставицата

и доматот и ситно исечкајте ги

(5-10 мм). Потоа посолете ги и

оставете ги да одморат додека ги

сечкате магдоносот и нането.

Исцедете го и исфрлете го вишокот

течност од доматите и краставицата.

Булгурот добро исцедете го и додајте

го во садот со сечканата краставица

и домат. Додадете ситно сечкан

магдонос, нане, сечкан млад кромид и

убаво измешајте. Зачинете со маслиново

масло и сок од лимон, па сол и бибер.

Добро измешајте и оставете ја оваа салата

да одмори околу 15-20 минути пред

да ја послужите.
Пријатно!