Состојки:
200 мл врела вода
1 литар незасладено растително млеко
6 лажици сируп од агава
1 лажичка цимет
500 гр кускус
250 гр суви кајсии, крупно сецкани
75 гр крупно сечкани ф'стаци
грст малини или друго сезонско овошје
Начин на подготовка:
Во тенџере истурете зовриена вода, потоа
додадете цимет, 4 лажици сируп од агава и
500 мл растително млеко и оставете да зоврие.
Исклучете го огнот и измешајте го кускусот.
Покријте, оставете да отстои 5 минути, а потоа
измешајте го кускусот со вилушка, додадете го
преостанатото млеко, кајсиите и ф'стаците.
Повторно ставете го капакот уште 2 минути.
Истурете го кускусот во поголем сад, посипете
со малини и одозгора со преостанатите 2 лажици
агава.
Добро утро!

