Крцкава тајландска киноа салата

Крцкава тајландска киноа салата

Состојки:
170 грама сува киноа
415 ml вода
1 лажичка лук во прав
1 голема црвена пиперка, исечкана на коцки
1 краставица, исечкана на коцки
130 грама моркови исечкани на коцки
1/4 црвена зелка, сечкана
2-3 млад кромид, тенко сецкани
малку магдонос, сечкан
грст кикирики или индиски ореви, по желба

4 лажици путер од јаткасти плодови

(кикирики, бадеми, кашу или сончоглед)
2 лажици јаворов сируп
1 лажичка тамари соја сос
парче ѓумбир (2-3 см), изрендан
1-2 лимети, поделени
додадете сол по вкус

Начин на подготовка:
Киноа: Додадете киноа, вода и лук во прав

во средно тенџере, оставете да зоврие, покријте,

намалете ја топлината на минимум и вриејте

15 минути. Отстранете го капакот, измешајте со

вилушка и оставете го да отстои 10 минути.

Прелив: Во помал сад изматете го путерот од ореви,

јаворов сируп, тамари, ѓумбир, сок од 1 лимета.

Додадете малку вода, по 1 лажица по потреба за

да се разреди. Посолете по вкус.

Во поголем сад додадете сварена киноа,

пиперка, краставица, морков, зелка, млад

кромид и магдонос. Прелијте го преливот кој

претходно сте го подготвиле и измешајте

да се соедини.Сервирајте во поединечни чинии,

посипете ги со крцкави ореви и исцедете лимета

по желба.

Пријатно!