Состојки:
150 гр просо
700 мл вода
1 лажичка масло
1 кромид, сецкан
2 чешниња лук, сецкани
180 гр таан или путер од
кикирики
1 лажица соја сос, или тамари
1/4 лажичка сол
Начин на подготовка:
Просото се вари во вода,
на ниска температура, околу
45 минути.
Во голема тава, загрејте го маслото
на средна температура, додадете го
исечканиот кромид и лукот и пржете
неколку минути. Исклучете го шпоретот,
а потоа додадете просо, таан, соја сос и
сол во врелата тава за се добро да се соедини.
Загрејте ја рерната на 175С.
Од смесата со просо формирајте ливчиња
со дебелина од околу 2-3 см. Треба да
имате околу шест колачи.
Ставете го во плех и печете во рерна
20-25 минути, додека не порумени.
Послужете во лепчиња со прелив по избор.
Пријатно!

