Чипс од леќа, домати и босилек (без глутен)

Чипс од леќа, домати и босилек (без глутен)

Состојки:
140 гр црвена леќа
4 лажици доматно пире
1 парче кромид
2 чешниња лук
1 лажичка чадена пиперка
½ лажичка куркума
½ лажичка кајен пипер
2 лажици јаболков оцет
1 лажица јаворов сируп
прстофат сол и бибер
180 ml вода
1 лажица сув босилек

Начин на подготовка:
Потопете ја леќата во солена

вода најмалку еден час, по можност

преку ноќ. Исцедете ја и исплакнете

ја леќата и додајте ја во блендерот

со сите останати состојки освен

босилекот.
Блендирајте додека не се изедначи,

а потоа додадете го босилекот.

Истурете во плех обложен со

хартија за печење.
Се пече на 190С околу 30 минути.

Извадете го плехот од рерна и

оставете го да отстои 10 минути.
Отстранете ја хартијата и исечете

ги чиповите на долги ленти, а

потоа на триаголници. Ставете го

чипсот од леќата директно на

решетката од рерната, а потоа

печете уште 5-15 минути на 170С

додека не се исуши и извадете

го од рерната кога рабовите

се златни.

Пријатно!